Спартак во победнички ритам, падна и Гевгелија

Екипите на Спартак и Гевгелија одиграа максимално израмнет и неизвесен натпревар во 19. коло од Женската лига, кој сепак на крај го доби домашната екипа со 29:26.

Спартак го имаше почетното водство, отвори со 3:1, но Гевгелија многу брзо успеа да израмни и по десетина минути игра беше 3:3. Во продолжението се играше гол за гол и на полувреме домашниот тим замина со минимална предност од 10:9.

И почетокот на второто полувреме му припадна на домашниот тим, Спартак имаше 13:10 и уште еднаш гостинките се вратија на нерешено. До крајот на дуелот после многу борба Спартак успеа да стигне до победата и да запише нови бодови.

Во домашниот тим најефикасна беше Ангела Гроздановска со девет гола, а по шест постигнаа Јана Ѓошевска и Ана Марија Коларовска. За екипата на Гевгелија уште еднаш прв стрелец беше Драгица Митрова со десет погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080