четврток, октомври 21, 2021

СЕ СЕЌАВАТЕ ЛИ: Кога Кире Лазаров го постигна првиот гол за Македонија на големите натпреварувања! (ВИДЕО)

Кире Лазаров досега има постигнато 1707 погодоци за националниот тим на 238 одиграни натпревари. Еден од најдобрите десни бекови во историјата на ракометот, своето деби на големите натпреварувања го имаше на СП во Египет во 1999 година. На првиот натпревар од групната фаза, кога Македонија ја забележа првата и последна победа на тој Мундијал, против Саудиска Арабија со 28-21, Лазаров го постигна последниот гол на дуелот, што беше негов прв на големо натпреварување во сениорскиот дрес.