Екипата на Веспрем каде што настапува Дејан Манасков продолжува да доминира на домашна сцена. Во натпревар од 9. коло во првенството на Унгарија го совладаа тимот на Комло со 40:31.
Натпреварот го одбележа ефикасна игра на двете страни, сепак фаворитот не дозволи изненадување на свој терен. Од почетокот Веспрем доминираше на теренот, поведоа со 7:2, но Комло не се предаваше.
До 15. минута гостите усепаја да намалат на негатива од три гола, кога беше 11:8, сепак избраниците на Давид Дејвис повторно го подигнаа нивото на игра и се вратија на сигурна предност. На полувреме беше 21:14.
Второто полувреме беше формалност, Веспрем одигра колку што беше потребно да стигне до нови бодови и да се зацврсти на првото место на табелата. Дејан Манасков на овој натпревар одигра 18 минути и постигна еден погодок од три удари кон противничкиот гол.