четврток, септември 16, 2021

Проектил од десет метри на Атанасијевиќ во мрежата на Металург (ВИДЕО)

Младиот ракометар на Еурофарм Пелистер 2, Павле Атанасијевиќ од натпревар во натпревар покажува се подобра игра во вториот тим од Битола. Иако денес неговата екипа беше поразена од Металург во рамките на Купот на Македонија со 29:26, Атанасијевиќ беше меѓу најдобрите стрелци и успеа да постигне три гола. Неговиот проектил од далечина во првото полувреме во мрежата на Металург го одбележа денешниот натпревар. Погледнете...