понеделник, август 15, 2022

ПРЕД 23 ГОДИНИ: Како европскиот и светскиот првак Данска падна пред Кастратовиќ, Радуловиќ, Нацева, Кисељова…(ВИДЕО)

На денешен ден, пред 23 години во германскиот град Нојбранденбург се одигра еден од најзначајните натпревари во историјата на македонскиот ракомет. Нашата женска репрезентација на Светското првенство во 1997 година славеше над актуелниот европски и олимписки, а подоцна и светски првак Данска со 25-23. Македонија го доби првиот дел со 15-8, а во последната минута при 24-23, Марина Абрамова го постигна последниот погодок. Оваа голема победа над Данска предводена од Улрих Вилбек и Ана и Камила Андерсен, се вбројува меѓу најголемите успеси на македонскиот спорт воопшто. По триумфот, во салата и легендарното оро со песната „Македонско девојче“. Македонија настапи во состав: Нацева, Маслова, Кастратовиќ, Кисељова, Георгиевска, Велкова, Ташчи, Чупиќ, Радуловиќ, Наумоска, Абрамова и Боева, а селектор беше Романецот Богдан Маковеј. Погледнете го видеото за историја со најинтересните моменти од овој натпревар....