ОФИЦИЈАЛНО: Пешевски уште една година во Штутгарт

Како што пред една недела најави 24Ракомет, кружниот напаѓач на македонската репрезентација Жарко Пешевски и во наредната сезона ќе игра во Бундес лигата, во дресот на Штутгарт.

Одличните партии кои ги пружа во најсилната светска лига беа дополнителна причина да го продолжи престојот во Германија за уште еден сезона, иако за него беа заинтересирани и други клубови.

Покрај Пешевски, договорите ги продолжија и Адам Лен, Патрик Цикер и Самуел Ретлисбергер.

„Среќни сме поради новите договори на четворицата ракометари. Tие се многу значајни за нашиот напредок како клуб и сакаме да продолжиме заедно на овој пат кон успехот“, изјавија од Штутгарт.

Пешевски потекнува од составот на Металург, една сезона ги бранеше боите на украинскиот првак Мотор Запорожје, пред да се пресели во Штутгарт во 2019 година.

Во досегашниот дел од сезоната, Штутгарт одигра 16 натпревари, а македонскиот пивот даде 34 погодоци.

Жарко Пешевски останува во Штутгарт – потпиша нов договор