Овче Поле СУ се поднови – потпишаа Стаменкова и Павловска

Тимот на Овче Поле СУ за претстојната сезона ангажираше две засилувања, со кои ќе атакува на уште еден настап во плеј-оф фазата во Женската лига.

Во ростерот на Илија Бетувски нови ракометарки се Теодора Стаменкова и Стефанија Павловска.

Стаменкова потекнува од школата на Бисинов и во својата кариера беше дел и од екипите на Вардар и Металург.

Павловска потекнува од школата на Овче Поле СУ и со нејзините одлични настапи во минатата сезона си заработи место во сениорскиот состав за претстојната сезона.

Овче Поле СУ во минатата сезона избори пласман во плеј-оф фазата и настапот во единственото женско сениорско натпреварување го заврши на 7. позиција.

Од минатогодишниот состав единствено си замина Марија Галевска, која направи трансфер во амбициозниот Чаир.