Нигериецот Обина им се приклучи на кавадарчани

Ракометарите на амбициозниот Тиквеш ја одработуваат последната фаза од подготвителниот период.

На тренинзите во клубот од Кавадарци се приклучи и новото засилување, нигерскиот репрезентативец Ани Обина.

Десниот бек во клубот предводен од Никола Матлиески пристигна од рускиот Зенит, каде што го мина пролетниот дел од минататголеми а сезона.

Обина, кој не настапи на пријателскиот дуел со Прилеп, ќе има можност да заигра на „контролките“ против ПАОК и Пролет.

Тиквеш во новата сезона ќе настапува и на европска сцена, поточно во Европскиот Куп, каде за ривал во рамки од второто коло го има австрискиот Кремс.