Најомразениот женски тим во Македонија сезоната ја започна со трофеј

Најомразениот тим во Македонија од времето кога Кометал Ѓорче Петров жалеше и палеше низ Европа, Хипо, со трофеј ја стартуваше новата сезона.

Некогашниот европски гигант, кој од 2012 година нема забележителни резултати на европска сцена, го освои Супер Купот на Австрија.

Хипо во борбата за трофејот за ривал го имаше Ацгерсдорф и немаше поголеми проблеми да дојде до победа, триумфираше убедливо со 33:19.

Осумкратниот освојувач на Лигата на шампионите има 45 титули од домашниот шампионат и четири титили во Супер Купот на Австрија, кој се одржува од 2020 година.