Екипата на Вецлар каде што настапува Филип Миркуловски имаше одличен ден и практично го нокаутираше својот ривал Хановер победувајќи го со 38:16.
На овој дуел имаше и македонски дуел бидејќи на терен беше и Кузмановски. Исто како и во конечниот епилог и во бројот на погодоци на македонските интернационалци и репрезентативци Миркуловски беше тој што е подобар.
Зад своето име Миркуловски имаше запишано два гола од два шута, додека Кузмановски финишираше без голови од три обиди.
Пораз на домашен терен претрпе Штутгарт на Пешевски против Хамбург со 26:34. Репрезентативниот пивот имаше минутажа, а натпреварот го заврши со два гола од три шута.