четврток, октомври 21, 2021

Кугис одбрани многу во Прешов, но една е одбрана на мечот (ВИДЕО)

Вардар го совлада Татран Прешов на уште натпревар од СЕХА, а овој пат на гостувањето во Словачка победата беше обезбедена со 29:22. „Црвено-црните“ имаа одлична поддршка од своите голмани на натпреварот во Прешов. Артур Кугис бранеше од почеток речиси 50 минути, а потоа го отстапи местото на Кизиќ, а заедно запреа 18 удари. Една од одбраните на Кугис и тоа од првото полувреме беше прогласена за најдобра на натпреварот така што со неа сигурно ќе влезе и во најдобрите одбрани oд колото. Кугис покажа уште еднаш дека ќе биде одличен на голот на Вардар и како ќе одминува времето така ќе може да покажува далеку подобри игри.