понеделник, декември 6, 2021

Комити им порачаа на вардарци: Никогаш нема да ве оставиме (ВИДЕО)

Вообичаено како и на секој натпревар и денеска ракометарите на Вардар добија поддршка од своите фанови. Иако загубија од Кил со 20:31, сепак, од трибините беа бодрени максимално.

Дури и после завршувањето на натпреварот добија аплаузи и поздрав со песна од своите навивачи така што беа поздравени на најдобар можен начин. Комити уште еднаш им порачаа на своите миленици дека никогаш нема да ги остават, а како изгледаше после средбата можете да видите во видеото во продолжение.