Селекцијата на Косово дојде до изненадувачко реми против Романија во натпревар од квалификациите за ЕП 2022 со 23:23.
Двете репрезентации добија по едно полувреме и тоа со идентичен резултат од 14:9, па на крајот можат да бидат задоволни со по еден бод иако Романците очекуваа победа на овој дуел.
Романија имаше предност од 14:9 после завршувањето на првото полувреме и овие плус пет се чинеа ќе бидат сосема доволни за да може да се дојде до два бода од ова гостување. Сепак, почетокот на вторите 30 минути најави сосема поинаков расплет на овој натпревар.
Работите тргнаа подобро за домашните и брзо стигнаа до враќање во средбата. Израмнија на 18:18 и покажаа дека можат да обезбедат подобар резултат. Во завршницата имаше пресврти и менување во водство, а на три и пол минути до крајот работите беа во подобра позиција за Косово кое водеше со 23:22.
Тимот на Романија израмни на минута и пол до крајот на во последните секунди беше пропуштена шанс и за победа така што на крајот колку што можат да се радуваат дека освоија бод откако беа во негатива имаат и причина да жалат за пропуштеното. Шанса за поправен ќе има веќе в недела кога Романија го пречекува составот на Косово во Букурешт.