Играше за Охрид, сега ја засили амбициозната Црвена Ѕвезда

Српскиот суперлигаш Црвенa Ѕвезда за новата сезона е решена да биде вистински конкурент на Војводина, Металопластика, Партизан…на домашна сцена.

Иако тимот претрпе промени во однос на минатата сезона, сепак, клубот од Белград создаде квалитетен ростер и се очекува да се вмеша во борбата за титулата.

Ново засилување во Црвена Ѕвезда е Никола Грубиќ, кој последниот ангажман го имаше во Луксембург. Десниот бек во својата интернационална кариера има настапувано и во Македонија, минатата сезона краток период беше дел од тимот на Охрид.

Во Црвена Ѕвезда освен Никола Радовановиќ и Немања Ѓурашковиќ, кои настапуваа за Куманово, односно Скопје, пристигнаа и Борислав Утра од Динамо Панчево, Александар Павловиќ од Дубочица, Милош Ковачевиќ од Зрењанин и Никола Јелисиќ од Славија – Источно Сараево.

Црвена Ѕвезда во изминатата сезона во српскиот шампионат заврши на 7. позиција на табелата и не успеа да обезбеди настап во плеј-оф фазата.