Ракометарките кои се дел од младинската репрезентација на Македонија ги привршуваат подготовките за ЕХФ шампионатот кој на 10 јули почнува во Скопје и ќе трае до 18 јули.
Девојките ќе имаат сериозна задача на домашен терен да обезбедат висок пласман, а веќе е јасно дека натпреварите ќе се играат во Скопје.
Со оглед на тоа што салата „Борис Трајковски“ е зафатена поради вакцинација, натпреварите од овој шампионат ќе се играат во СЦ „Јане Сандански“. Ова е веќе потврдено и пријавено во ЕХФ.
Нема никакви дилеми околу ова така што останува Македонија од 10 до 18 јули да се бори за највисок пласман. Македонија е во група со Холандија, Фарски острови, Косово и БиХ. Во другата група се наоѓаат селекциите на: Исланд, Полска, Белорусија и Финска.