Ракометарот кој ова лето дојде во Вардар да ја засили пивотменската позиција, Патрик Валчак влезе во составот на Полска од 35 ракометари за настап на Светското првенство во Египет.
Селекторот на Полска, Патрик ромбел ги соопшти имињата на ракометарите на кои смета за овој шампионат односно имињата на оние ракометари од кои ќе ги бира патниците на шампионатот.
Откако дојде во Вардар, Валчак стана редовен на собирите на Полска односно редовен е на списокот така што не е изненадување ниту ова негово вклучување во тимот кој ќе биде во комбинација за СП.
Тој се покажа во добро издание на стартот, а на последните дуели има нешто помала минутажа. Сепак, се работи за играч којсигурно ќе има што да покаже. Воедно има и сериозна конкуренција за пивотменската позиција во Полска бидејќи има уште пет пивоти меѓу кои се Камил Шипжак (ПСЖ), Матеуш Пиечковски (Адемар Леон), Мациј Гебала (Лајпциг), Давид Давижик (Азоти Пиулави) и Јан Климков (КПР ГО СА).