Во изборот за денешни натпревари се наоѓаат женската сениорска репрезентација на Македонија и машкиот тим на Вардар.
За ракометарките денеска е важен ден бидејќи го играат првиот дуел од квалификациите за бараж за СП во 2021 година. Со почеток во 17 часот во салата во СЦ „Борис Трајковски“ се игра натпреварот против Исланд на кој ќе се види формата на репрезентативките пред дуелите против Литванија и Исланд.
Од 20:15 часот во салата во СЦ „Јане Сандански“, пак, ќе играат ракометарите на Вардар кои ќе се соочат со Мотор во рамки на СЕХА лигата. Тие ќе имаат нов силен двобој на кој се очекува да го поправат впечатокот оставен на средбата против Нексе во средата.
Денеска стартуваат и дуелите од квалификациите за Олимписките игри во женска конкуренција.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ
16:00ч
СТРУГА – МЕТАЛУРГ (Супер машка лига, плеј-оф)
ФАРСКИ ОСТРОВИ – БЕЛОРУСИЈА (Квалификации за СП, жени)
17:00ч
МАКЕДОНИЈА – ИСЛАНД (Квалификации за СП, жени)
СЛОВАЧКА – УКРАИНА (Квалификации за СП, жени)
КАЗАХСТАН – УНГАРИЈА (Квалификации за ОИ, жени)
18:00ч
САВЕХОФ – ГУИФ (Шведска 1, плеј-оф)
18:10ч
КОСОВО – АВСТРИЈА (Квалификации за СП, жени)
19:00ч
ТРИМО ТРЕБЊЕ – РД ИЗОЛА (Словенија 1)
ЛИТВАНИЈА – ГРЦИЈА (Квалификации за СП, жени)
19:15ч
ГВАРДИЈА ОПОЛЕ – СТАР МИЛЕЦ (Полска Супер лига)
19:30ч
ИЗРАЕЛ – ЛУКСЕМБУРГ (Квалификации за СП, жени)
ПОНТО – БИЛЕР (Франција 2)
НОРВЕШКА – ЦРНА ГОРА (Квалификации за ОИ, жени)
20:00ч
ДАНКЕРК – МОНПЕЛЈЕ (Франција 1)
БОА ХОРА – ПОРТО (Португалија 1)
РУСИЈА – СРБИЈА (Квалификации за ОИ, жени)
20:15ч
ВАРДАР – МОТОР (СЕХА лига)
БЕЗАНСОН – СТРАЗБУРГ (Франција 2)
20:30ч
МАСИ ЕСОН – ВАЛЕНС (Франција 2)
НАНСИ – САРЕБУРГ (Франција 2)
21:00ч
ШПАНИЈА – ШВЕДСКА (Квалификации за ОИ, жени)