четврток, октомври 21, 2021

Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Работнички – Астраион (ЛИНК)

Екипите на Работнички и Aстраион го отвораат 4. коло од плеј-аутот во Супер машката лига. Тие ќе играат денеска од 17 часот во СЦ „Јане Сандански“ и ова е дуел на кој се очекува домашните да бидат поблизу до триумф. Доколку сè оди според планот тогаш сигурно бодовите остануваат дома, но и подмладениот состав на Астраион ќе се обиде да го покаже најдоброто. Ова е средба на која гостите нема што да загубат, па сигурно ќе дадат силен отпор.