Откако вчера беа одиграни само две средби од 5. коло од Групата Б, а уште две беа одложени за денеска се предвидени сите дуели од истото коло од Групата А.
Се работи за четири интересни средби, а само на една може да се каже дека има фаворит пред почетокот. Станува збор за дуелот Флензбург – Елверум каде домашните се во предност.
Што се однесува до другите дуели таму ќе владее неизвесност односно на сите се очекува нијанси да пресудат околу тоа кој ќе дојде до триумф.
Ова се дуели кои може да ја прекројат табелата во Групата А што би значело дека после денешниот ден може да дојде до промена на некои од позициите кои тимовите ги имаат во моментов.
Јасно е дека главното за нас е од 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“ каде што тимот на Вардар го пречекува составот на Порто. Вардар ќе има обид да дојде до втора победа по ред, а доколку успее ова ќе значи голем напредок за „црвено-црните“ и на табелата.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ
ДВОЈКИ И РЕЗУЛТАТИ ОД 5. КОЛО
ГРУПА А
ЧЕТВРТОК, 22 ОКТОМВРИ
18:45ч
МЕШКОВ БРЕСТ – ПИК СЕГЕД
20:45ч
ВАРДАР – ПОРТО
КЕЛЦЕ – ПСЖ
ФЛЕНЗБУРГ – ЕЛВЕРУМ
ГРУПА Б
АЛБОРГ – КИЛ 23:31
ППД ЗАГРЕБ – ЦЕЛЈЕ 22:30
ОДЛОЖЕНИ НАТПРЕВАРИ
МОТОР – НАНТ
ВЕСПРЕМ – БАРСЕЛОНА