Вардарци на силни контроли – ќе играат против Келце, Магдебург, Алборг…

Ракометарите на Вардар ќе имаат квалитетни тестови пред стартот на официјалните натпревари во следната сезона.

Тие добија покана за настап на силниот „Хумел Куп“ што ќе се игра во Германија, а каде треба да настапат бундеслигашот Магдебург, данскиот првак Алборг и полскиот шампион Келце.

Натпреварите по системот „секој со секого“ треба да се одиграат од 27 до 29 август, но допрва треба да бидат потврдени термините.

Вардарци во периодот од 15 до 20 август ќе треба да ги одиграат четвртфиналните средби во регионалната СЕХА лига, а доколку обезбедат место на завршниот турнир ќе играат и во Задар од 3 до 5 септември.