Борко го однесе Вардар во финалето на СЕХА

Вардар го доби и петото полуфинале против Загреб во СЕХА лигата. Се врати од негатива од шест гола разлика, а потоа со подобро изведени удари од седум метри стигна до победа и ново финале во СЕХА. Со вкупни 30:29 после нерешените 26:26 на крајот „црвено-црните“ имаат повеќе причини да се радуваат бидејќи Ристовски одбрани кога беше најпотребно.

На стартот од натпреварот имаше 15 минути во кои и двете екипи беа рамноправни. Откако играта гол за гол покажа рамноправност дојде до смена на распоредот на силите и Загреб почна да создава предност. После 9:13 во 23. минута имаше само мала надеж дека работите ќе се поправат и дека Вардар ќе се врати во потребниот ритам.

Сепак, на одмор се замина со 13:16, но ова сè уште беше активен резултат. Вардар имаше свои шанси, но истите како да почнаа да се губат како што течеше средбата. Второто полувреме беше уште полошо. Ракометарите на ППД Загреб беа далеку порасположени. Вардарци како да сакаа набрзина да дојдат до враќање во мечот, а место тоа го загубија ритамот и дозволија противникот рано да го реши натпреварот.

Веќе во 34. минута разликата беше пет гола и ППД Загреб имаше водство кое дозволуваше да се игра комотно во продолжение. Одбраната функционираше на моменти, ново нападот немаше одново идеја.

Тоа резултираше и со негатива од шест гола, која беше актуелна на десет минути пред крајот кога резултатот беше 18:24. Тогаш следуваше гол на Дибиров и исклучување за Божиќ-Павлетиќ. Одбраната профункционира, а тоа даде резултати и на шест минути до крај резултатот беше 22:24. Вардар одново беше до игра, но мораше да се одигра максимално до крај.

Со втората одбрана во серија на Ристовски, а потоа и добра реализација од страна на Тимур Дибиров се обезбеди приклучок и негатива од само еден погодок, 23:24 на пет минути до крајот од натпреварот. Гаџа доби исклучување, а откако Мандиќ погоди од пенал, Јотиќ реализираше одново за минус еден.

До крајот на регуларните 60 минути имаше драма која на крајот резултираше со нерешени 26:26. Ристовски успеа да одбрани на десет секунди до крајот, а потоа Јотиќ погоди за нерешени 26:26, па победникот мораше да биде одлучен после изведување на удари од седум метри.

ПЕНАЛ РУЛЕТ

0:1 Божовиќ

1:1 Дибиров

1:2 Божиќ-Павлетиќ

2:2 Вујин

2:3 Матановиќ (Ристовски брани)

3:2 Јотиќ

3:3 Мандиќ

4:3 Дисингер

4:3 Вистороп (Ристовски брани)