Беше капитен на Црвена Ѕвезда, сега стана на Партизан!

Еден од најискусните играчи во Партизан, левото крило Младен Шотиќ, е назначен за капитен на амбициозниот српски вицепрвак.

Во отсуство на повредениот Никола Зечевиќ, раководството на клубот од Белград одлучи капитенската лента да ја носи искусниот Шотиќ.

Интересно е што левото крило ја носеше капитенската лента додека беше член на Црвена Ѕвезда, од која во 2018 година се пресели во редовите на Партизан.

Потоа беше член на Динамо од Панчево и на Војводина, а ова му е втор мандат во Партизан.

Во првиот дел од минатата сезона настапуваше во Асобал лигата, поточно во Бенидорм, клуб во кој го имаше првото интернационално искуство.