🔴ВО ЖИВО🔴 Косово – Македонија

Машката кадетска репрезентација денеска ќе го одигра последниот натпревар од квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство.

Противник на избраниците на селекторот Наум Танески ќе биде селекцијата на Косово, а со победа Македонија ќе го потврди местото на ЕП.

Натпреварот меѓу Македонија и Косово се игра денеска со почеток од 15:00 часот во спортската сала во Автокоманда.

Овој дуел може да го следите на ЕХФ ТВ (ТУКА), но за тоа ќе ви биде потребна регистрација во неколку чекори.