Филип Кузмановски меѓу најдобрите стрелци во ЛШ!

По комплетирањето на 10. коло во Лигата на шампионите, македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски се наоѓа меѓу најдобрите стрелци, односно е во ТОП 10. Битолчанецот на десет одиграни натпревари во европската елита постигна 61 гол од 104 обиди (58.6% реализација).

Искусниот Кузмановски најмногу беше расположен на средбите со ПСЖ и Динамо Букурешт, против „светците“ погоди осум пати, додека на гостувањето во Романија имаше девет реализации.  Во важниот дуел од 10. коло против полскиот шампион Висла Плоцк беше на висина на задачата и натпреварот го заврши со седум реализации.

Листата на стрелци, моментално, ја предводи членот на ПИК Сегед, Марио Шоштариќ, кој во досегашниот тек од сезоната има постигнато 72 гола.

На втората позиција е Матијас Гидсел (Фуксе Берлин) со 68 гола, додека кружниот напаѓач Камил Шипжак (ПСЖ) се наоѓа зад водечката двојка со 65 гола.

Недин Ремили (Веспрем) и Мартин Коста (Спортинг Лисабон) имаат гол повеќе од Кузмановски – 62.