По поразот од Шведска во првото коло на Европското првенство во Австрија, Унгарија и Швајцарија, Македонија ја чека предизвикот наречен Турција.
Турчинките се во голем налет последните неколку сезони, а нив најдобро ги познава нашата Елена Ѓорѓиевска, која играше во Анталија Коњалти.
Таа му е прва соработничка на селекторот Кристијан Грчевски и ги правеше анализите за следниот противник Турција.
Но нејзините поранешни клупски колешки веднаш ја опколија во фоајето на хотелот и ѕиркаа во анализите обидувајќи се да ја дознаат тактиката на Македонија.
Натпреварот меѓу Македонија и Турција се игра во „Феникс Арена“ со почеток во 20:30 часот во текот на утрешниот ден.