На полувремето од натпреварот меѓу Дукла Прага и Охрид во СЦ „Репи“ се случи романтичен момент.
Охриѓанецот Валентин Винченци Маркулески ја побара за сопруга неговата сакана Јована Каланоска и доби потврден одговор.
Двајацата млади охриѓани засекогаш ќе го паметат овој натпревар, а присутните ги поздравија со громагласен аплауз.
Организаторот на мечот им врачи пригодни подароци, а во чест на младата беше пуштена песната „Јовано, Јованке“.

























