Македонија одигра реми со незгодната Австрија, 29-29, во драматичен натпревар, кој можеше лесно да го загуби, но и да го добие.
Со голот на капитенот Филип Кузмановски во последната секунда, Македонија успеа да израмни и да освои бод на оваа средба.
Претходно Хутечек ја погоди македонската мрежа, откако Австријците беа во пасивен напад, но играа „седум на шест“.
Ракометарите и стручниот штаб направија селфи по натпреварот, кое можеби не е победничко, но ваквиот погодок на Фитиљ мораше да биде одбележан.