📷 Раде Стојановиќ со поддршка за Чаир во Словенија

Тимот на Чаир денеска го игра првиот натпревар од второто коло во ЕХФ Европскиот Куп против Ајдовшчина.

На мечот во Словенија чаирчанки и стручниот штаб ќе ја имаат поддршката од поранешниот репрезентативец, а сега тренер – Раде Стојановиќ.

Стојановиќ живее во Словенија, каде минатата сезона го водеше Тримо Требње, а неговиот син Милош настапува за овој клуб.

Чаирчанки ќе ја имаат поддршката од трибините во салата „Полице“ во Ајдовшчина на мечот што започнува од 19:00 часот.

Реванш средбата е закажана за 4 октомври во 19:00 часот во малата сала на СЦ „Јане Сандански“.