Летниот одмор во Барселона беше совршена прилика за македонскиот ракометар Дејан Гошевски да направи голем чекор во животот.
Тој ја побара за сопруга долгогодишната девојка – ракометарката Ивона Трпевска и од неа доби „ДА“.
По потврдниот одговор, славењето и честитките можеа да почнат, а ракометниот пар радоста ја сподели на социјалните мрежи.
Гошевски и Трпевска минатата сезона ја минаа во Хрватска. Бекот играше за Метковиќ и Водице, додека крилото беше дел од Далматинка.
Во новата сезона, покрај новиот животен предизвик, ќе имаат и нов спортски предизвик, па следува преселба во Германија.