Холандија доживеа висок пораз од Хрватска со 35-29 во второто коло од Европското првенство и ги загуби шансите за пласман во главната рунда.
Но, повеќе од резултатот, внимание привлече однесувањето на холандскиот селектор Штафан Олсон. Ракометната легенда, која минатата година предизвика скандал и речиси влезе во физичка пресметка со македонските навивачи на СП во Хрватска повторно се најде во центарот на вниманието.
Олсон направи крајно несоодветен и невкусен потег покрај теренот, кој брзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика лавина реакции од ракометните фанови.
Холандија по двата порази од Хрватска и Шведска ќе се сретне со Грузија во последното коло во обид да го избегне последното место во групата.


























