Тимот на Куманово ги започна подготовките во пресрет на вториот дел од сезоната во суперлигашкото друштво. Кумановци влегуваат амбициозно за да обезбедат што подобра позиција во пресрет на плеј-аутот во кој целта ќе биде опстанок.
Раководството се договори со шест засилувања, од кои четворица се интернационалци – тројца од Бразил и еден од Хрват.
Станува збор за пивотот Жоао Виктор Соарес Флорес, левиот бек Џанкарло Фелипе Хен, десниот бек Гиљерме Да Силва Фернандес, како и средениот бек Лука Матачиќ.
Меѓу новите ракометари има и двајца млади Македонци – кружниот напаѓач Стефан Лазаревски и голманот Григор Трајковски. Од клубот заминаа Уча Гамзардија и Борјан Цековски, кои до крајот на сезоната ќе ги бранат боите на Младост Богданци.
На првиот тренинг тренерот Љубиша Димковски ги имаше сите ракометари на располагање, освен бразилските интернационалци кои треба во Куманово да пристигнат до крајот на наредната недела.