Словенечкиот репрезентативец Ник Хенигман ја искористи кратката пауза меѓу есенскиот дел од сезоната и репрезентативните активности на ЕП за да ја круниса љубовта со неговата избраничка со свадбена веселба.
Хенигман и неговата сопруга Ева Церар се во граѓански брак од поодамна, имаат две ќерки, Лена – која беше родена во мај 2023, а Лили се роди минатата година во декември.
Свадбената веселба и црковната венчавка се одржаа во Копер, а според дрес-кодот сите гости мораа да имаат дел од гардеробата во црвена боја.
Словенечкиот лев бек ова лето дојде во Еурофарм Пелистер од францускиот Шарт, а претходно долго време го носеше дресот на унгарскиот ПИК Сегед.
Заедно со него во Битола е неговото семејство, а сопругата Ева е лиценциран нутриционист.

























