📷 Каков гаф на Данците – Македонија ја „прекрстија“ во Црна Гора!

Данската ракометна федерација во најавата на социјалните медиуми за распоредот на натпреварите од прелиминарната рунда на Европското првенство, Македонија ја „прекрсти“ во Црна Гора.

Еден од домаќините на континенталниот собир, ќе ги игра своите натпревари во „Јуске Банк Боксен“ во Хернинг, во првиот меч треба да се сретне со Македонија, но во најавата стои Црна Гора.

Дали се работи за ненамерен пропуст, незнаење или на Данците сите балкански држави им се исти, не е важно – важно е избраниците на Кирил Лазаров да пружат достоен отпор на светскиот првак.

Македонија и Данска ќе го отворат ЕП со мечот на 16 јануари од 20:30 часот во Хернинг.