📷 Како во старите добри времиња – емотивна средба на Талески и Червар

Екс македонскиот селектор Лино Червар деновиве во Охрид имаше многу средби со поранешни соработници или играчи на кои им беше тренер или селектор.

Една од нив беше со левиот бек на Вардар, Филип Талески, на кој му ја даде шансата за промоција на домашната меѓународна сцена.

Лино Червар беше предводник на некогашниот македонски првак Металург и двократен четвртфиналист во Лигата на шампионите до 2017 година.

Филип Талески исто така до 2017 година играше во тимот од Автокоманда, од каде што замина во бундеслигашот Рајн Некар Левен.