Ракометарот на Еурофарм Пелистер 2, Иван Димитровски, покрај титулата од Првата лига и пласманот во елитата, оваа година ќе ја памети и по друг настан.
Минатиот викенд Димитровски „рипна во тавче“, му кажа збогум на ергенскиот живот и отвори ново животно поглавје.
Тој и неговата избраничка Ива Христовска направија свадба во Битола, а за забавата да биде на највисоко ниво се погрижи македонската поп дива Елена Ристеска.
На важниот ден за Димитровски и Христовска беа присутни многу гости, меѓу кои беа поранешни и актуелни ракометари.