📷 „Гладијаторите“ со џентлменски потег – цвеќе за дамите на трибини за 8 март

Ракометарите на Охрид направија џентлменски потег по повод денот на жената – 8 март.

„Гладијаторите“ пред стартот на дербито против Вардар во СРЦ „Билјанини Извори“ им поделија цвеќиња на дамите на трибините.

Потегот беше проследен со поздрав и насмевки кај припадничките на понежниот пол.

Охриѓани играат одлично и имаат водствво на полувремето против Вардар со 16-11.