Капитенот Филип Кузмановски беше вистински лидер на Еурофарм Пелистер кон третата шампионска титула, а деветта вкупно во клупската историја.
Битолчани славеа среде Скопје против Вардар со 32-30 со голем камбек во вториот дел од мечот, иако губеа во првиот дел со 15-10.
Пристигнувањето на „Чкембари“ кон средината на првиот дел им даде ветар во грб и на крајот заслужено славеа во вардаровиот дом.
Битолското славје започна во „Јане Сандански“, а сигурно ќе продолжи долго во ноќта и до раните утрински часови во Битола.