📷 Фереира се приклучи, вардарци фаќаат залет за новата сезона од Маврово

Ракометарите на Вардар, откако одработија една недела тренинзи во Скопје, заминаа на подготовки во Маврово.

Таму им се приклучи и последното засилување, португалскиот чувар на мрежата Мигел Еспиња Фереира.

Под водство на тренерот Владо Недановски, вардарци од Маврово ќе фаќаат залет за новата сезона во која ги чекаат многу предизвици.

Вардар ќе одигра две пријателски средби против Бутел Скопје пред настапот на турнирот во Струга, а потоа „црвено-црните“ ќе бидат дел и од турнирот во Охрид.