Ракометарите на Вардар се вратија од подготовките во Маврово и продолжуваат со тренинзи во Скопје.
„Црвено-црните“ ракометари ја имаа претсезонската фотосесија, на која беа промовирани и новите дресови.
Тие се целосно црвени, додека шорцевите се целосно црни, а веќе утре вардарци ќе ги промовираат на првиот пријателски натпревар со Бутел Скопје.
Вардар во новата сезона влегува со големи амбиции, а освен на домашна сцена, ќе настапат и на меѓународна сцена во Лигата на Европа.