📷 Екс репрезентативецот Темелков со поддршка за Бутел во Луксембург

Некогашниот македонски репрезентативец Влатко Темелков, кој долги години живее во Луксембург беше поддршка за Бутел Скопје.

Бутелци го играа првиот натпревар против Дуделанж од ЕХФ Европскиот Куп, а меѓу поддржувачите во салата „Рене Хартман“ беше и Темелков.

Легендарниот велешанец беше во друштво на претседателот на Бутел Скопје, Бојан Спасовски и соиграчот од националниот тим, Лазо Мајнов.

Темелков цели десет сезони беше дел од Керженг како играч, а таму ја почна и тренерската кариера.

Бутел Скопје славеше кај Дуделанж со 31-27 и се наоѓа на чекор до пласман во второто коло во ЕХФ Европскиот Куп, што би било историско за клубот.