📷 ЕХФ со признание – никој како верните „Чкембари“ и Битола

Европската ракометна федерација објави податок дека Еурофарм Пелистер играл пред полни трибини на сите натпревари во Лигата на шампионите.

Навивачите на македонскиот шампион го исполнувале капацитетот на салата „Боро Чурлевски“ просечно со 99,3% на дуелите од елитното натпреварување.

Пелистерци одиграа одлична сезона во Лигата на шампионите, иако не успеаја да се пласираат во осминафиналето.

„Чкембари“ беа секогаш осмиот играч на домашните натпревари, беа и на гостинските натпревари, и имаат голем удел во позитивните резултати.

„99,3% просечна посетеност. Најдобрите фанови во Лигата на шампионите?“, напиша ЕХФ.