📷 Домот на Вардар е обоен во „црвено-црно“ – Расадник го добива новиот лик

Реконструкцијата на спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода, каде што во иднина ќе игра двократниот европски првак Вардар, е при крај.

Салата веќе го добива својот нов изглед и за разлика од претходно, фасадата нема да биде сина, туку ќе содржи црвено-црни тонови кои асоцираат на клупските бои на Вардар.

Овој култен објект со години беше запоставен и во руинирана состојба, а реконструкцијата започна минатата година.

Планирано е надворешните работи да бидат комплетирани до крајот на годинава, додека внатрешното партерно уредување е предвидено за втората фаза во текот на 2026.

Според најавите, Вардар своите натпревари од домашното првенство ќе ги игра токму во „Расадник“, додека европските мечеви и дерби натпреварите и понатаму ќе се играат во „Јане Сандански“, поради поголемиот капацитет.