Данскиот арбитар Јеспер Мадсен очигледно има здравствени проблеми, бидејќи вторпат за неколку недели се струполи на терен среде натпревар.
Тој се онесвести на мечот од данскиот шампионат меѓу екипите на Алборг и Холстебро, па неговиот партнер Мадс Хансен остана единствен судија до крајот на мечот.
Мадсен имаше слична ситуација пред две недели за време на мечот од Лигата на шампионите меѓу Веспрем и Спортинг Лисабон.
Иако тогашните анализи покажаа само покачен крвен притисок, очигледно е дека данскиот судија ќе мора да се позанимава со своето здравје.
Мадсен и Хансен го судеа натпреварот меѓу Македонија и Холандија на СП 2025 во Хрвватска и предизвикаа лавина реакции со нивната арбитража.