📷 „Чкембари“ со последен поздрав за Александар Јовиќ од Вараждин

Меѓу македонските навивачи во Вараждин има голем број на битолчани – навивачи на Еурофарм Пелистер, кои упатија последен поздрав за Александар Јовиќ.

„Чкембари“ упатија последен поздрав за стратегот што им ја донесе шампионската титула пред две години по 18 сезони пауза.

Јовиќ почина ненадејно вчера наутро, а веста ги потресе сите инволвирани во македонскиот ракомет.

Репрезентативците му го посветија освоениот бод против големата Унгарија на нивниот некогашен тренер.

Јовиќ со своите настапи за повеќе клубови и за националниот тим, остави неизбришлива трага во македонскиот ракомет.