📷 Битолските херои се вратија дома – ги пречекаа Митревски, Кузмановски, Абутовиќ…

Младинците на Еурофарм Пелистер по историскиот успех и пласманот на завршниот турнир во Келн се вратија дома.

Пелистерци по заверениот билет за Келн и Ф4 во Лигата на шампионите во Букурешт, пристигнаа во Битола каде што ги чекаше изненадување.

Играчите од првиот тим и раководството на битолчани им направија убав пречек и ги поздравија за големиот успех.

Еурофарм Пелистер ќе игра со Веспрем, Барселона и ГОГ Гудме на Ф4 во Келн во „Ланксес Арена“ на 14 и 15 јуни.