Голманката на Македонија, Драгана Петковска, имаше одлично прво полувреме на вчерашниот натпревар против Унгарија во рамки од 3. коло од групната фаза на Европското првенство.
Петковска во првиот дел, во кој Македонија рамо до рамо се носеше со домаќинот, беше најзаслужна што Македонија беше повеќе од рамноправен ривал и што во поголемиот дел имаше резултатска предност.
Натпреварот го заврши со 12 интервенции, најголемиот дел од нив беа зицери, односно еден на еден, а една од нејзините одбрани се најде во ТОП 5 на 3. коло од континенталниот собир.