Mакедонија со реми, 27-27, со фаворитот Унгарија го стартуваше настапот на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка.
Еден од најзаслужните за освоениот бод против силната Унгарија беше голманот Никола Митревски.
Искусниот Митревски бранеше одлично, а поголемиот број интервенции беа во ситуација еден на еден.
Македонецот натпреварот го заврши со 13 интервенции, а една од нив влезе во изборот на ИХФ.