Репрезентацијата на Хрватска не успеа да го освои златото на Светското првенство 2025, откако во финалето беше поразена од Данска со 32:26.
Финалето во Осло беше последниот репрезентативен натпревар за легендарниот Домагој Дувњак.
На крајот од натпреварот, избраниците на Николај Јакобсен направија гест за пофалба.
Хрватска го имаше последниот напад на натпреварот, а во последните секунди Данците му овозможија на Дувњак со гол да се прости од репрезентативниот дрес.
Погледнете…