Традицијата што одамна е воспоставена меѓу ракометарите во собирите пред големите натпреварувања, продолжи и денеска.
Македонската репрезентација, како и секоја година од 2012 па наваму, Бадник и Божик ги минува заедно, но надвор од семејствата.
Сепак традицијата не се напушта, па на Бадник се кршеше лепче со паричка меѓу сите репрезентативци и стручниот штаб.
Паричката се падна кај кружниот напаѓач Милан Лазаревски, па со право јавноста ќе очекува од него добри партии на СП.
Македонија утре патува за Хрватска, в среда е натпреварот против домаќинот на СП, а потоа следуваат уште две пријателски средби. Нашата селекција е во група со Унгарија, Холандија и Гвинеја.