Заштитен знак на Македонија на големите натпреварувања се погодоците со цепелини, па СП во Хрватска, Данска и Норвешка не е исклучок.
На пресметката со Австрија, која беше драматична и заврши нерешено 29-29, покрај последниот гол на Кузмановски, аткративен погодок постигна и Костески.
На стартот на второто полувреме, кога Македонија беше во негатива, Велковски упати топка кон Костески, што „Ер Струга“ ја смести во австрискиот погодок.
Следен предизвик за Македонија ќе биде натпреварот против Катар што се игра в четврток од 15:30 часот.